Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Затворен XIV Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“

Затворен XIV Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“

По две недели исполнети со спортски дух, дружење и фер-плеј, успешно заврши XIV Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“. Ваквите спортски настани имаат огромна поддршка од градоначалникот и Советот на Општина Новаци, кои континуирано придонесуваат за развојот на спортот и зачувувањето на традицијата. ⚽️

Турнирот, кој го носи името на прерано починатиот војник Пеце Матичевски, и оваа година ги обедини љубителите на фудбалот, а особено внимание привлече хуманиот гест на победничката екипа „Монтажни Гаражи Пичул“, која дел од освоената парична награда ја донираше на таткото на Пеце Матичевски, покажувајќи дека спортот не е само натпреварување, туку и солидарност, почит и човечност.

🏆 Конечен пласман:

🥇 Прво место – Монтажни Гаражи Пичул

🥈 Второ место – Бамбал Тим Караџи

🥉 Трето место – Сквер Кафе

🏅 Четврто место – Вип Лимо Луксор

🏅 Индивидуални признанија:

⚽ Најдобар играч – Иван Димовски

🧤 Најдобар голман – Цуни

🤝 Награда за фер-плеј екипа – Вип Лимо Луксор

Уште еднаш се потврди дека Меморијалниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ е многу повеќе од спортска манифестација – тој е симбол на дружење, почит и спомен кој продолжува да живее преку спортот и хуманоста. Нека оваа традиција продолжи и во годините што следуваат

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email