Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

„FIREFLY – Заедничка прекугранична иновативна противпожарна заштита

„FIREFLY – Заедничка прекугранична иновативна противпожарна заштита

Денес имав чест и задоволство да говорам на настанот од проектот „FIREFLY – Заедничка прекугранична иновативна противпожарна заштита. Настанот беше посветен на промоција и презентација на проектните активности, постигнатите резултати и идните насоки на соработка во областа на противпожарна заштита и иницијативата како значаен чекор кон унапредување на превенцијата, мониторингот и брзиот одговор при шумски пожари.

На настанот беше истакната важноста на меѓуопштинската и прекуграничната соработка, зајакнувањето на капацитетите на институциите и создавањето на поефикасен систем за заштита и спасување. Со заеднички напори продолжуваме да градиме побезбедни и поотпорни заедници, подготвени да одговорат на современите предизвици.

Како претседател на Советот ја истакнувам важноста од ваквите проекти и упатувам благодарност до Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион како имплементатор на проектот, до сите партнери, институции и учесници за нивниот придонес и поддршка во реализацијата на оваа значајна иницијатива.

Една од најзначајните проектни активности е набавката на противпожарна опрема – противпожарно возило со цистерна за вода и противпожарно возило за интервенции на тешко достапни терени чија вредност изнесува околу 180.000 евра со што значително ќе се придонесе кон зајакнување и унапредување на капацитетите на системот за противпожарна и цивилна заштита на Пелагонискиот регион.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира Проектот FIREFLY во рамките на INTERREG IPA Програмата за прекугранична соработка со Република Грција.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email