Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Одбележaна 25-годишнината од загинувањето на Пеце Матичевски

Одбележaна 25-годишнината од загинувањето на Пеце Матичевски

По повод одбележувањето на 25-годишнината од загинувањето на бранителите Влатко Миленковски, Пеце Матичевски и Благојче Силјановски, денес оддадовме почит на нивната жртва и херојство.

Заедно со семејствата, соборците, претставници на институциите и граѓани, положивме свежо цвеќе на вечното почивалиште на Пеце Матичевски во Новаци, а потоа и на споменикот „Ангел“ кај Саат-кулата во Битола, изграден во нивна чест и спомен.

Со длабока почит се сеќаваме на нивната храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината. Нивната жртва е вградена во темелите на нашата држава и останува траен аманет за сегашните и идните генерации.

🕯️ Вечна слава и благодарност на нашите херои!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email