Општина Новаци повторно ги поддржува најмалите спортски херои!![]()
![]()
![]()
Со големо задоволство ве информираме дека Општина Новаци ќе ја покрие котизацијата за учество на сите деца од општината на детската спортска манифестација „Мини Трчај Бе 2026“! ![]()
Кога и каде?
13 Јуни 2026
Почеток: 09:00 часот
Локација: Градски парк Битола
![]()
Право на учество имаат деца родени 2014 година и подоцна, распределени во следните категории:
2021 и помали – 50 м
2018 – 2020 – 100 м
2016 – 2017 – 200 м
2014 – 2015 – 400 м
Секој учесник добива:
Финишер медал
Маичка
Торбичка
Подароци од спонзорите
Фотографии од трката
Награди ќе добијат трите првопласирани момчиња и девојчиња во секоја категорија.
Општина Новаци продолжува да вложува во спортот, детската рекреација и здравите навики кај најмладите. Да им овозможиме на децата ден исполнет со дружење, радост и спортски дух!
Родителите кои сакаат нивното дете да учествува потребно е навремено да се пријават и да ја контактираат Општина Новаци за деталите околу покривањето на котизацијата.
#МиниТрчајБе2026#ОпштинаНоваци#ПоддршкаЗаДецата#СпортЗаСите#МалиХерои#ТрчајБе#ЗдравиНавики#ДетскаРадост