Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Ќе се спреоведува дезинсекција на територијата на Општина Новаци

Ќе се спреоведува дезинсекција на територијата на Општина Новаци

Општина Новаци ги известува граѓаните дека на ден 27.05.2026 (среда), ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ќе спроведе ларвицидна превентивна дезинсекција за уништување на ларвите од комарци на територијата на Општина Новаци.

Третирањето ќе се врши во претпладневните часови на локации каде има застојни води, бари и мочурливи површини,

одводни канали, течението на река Црна и други потенцијални места за развој на ларви од комарци.

Дезинсекцијата ќе се спроведува со биолошки инсектицид BIOPREN 50 LML, наменет за уништување на ларви од комарци од типовите Aedes и Culex.

За активностите се известени и здруженијата на пчелари, како и сите надлежни институции.

Во случај на неповолни временски услови (ветер или дожд), активноста ќе биде одложена за следниот поволен ден.

📞 За повеќе информации:

047/208-100

047/208-120

Со почит,

Општина Новаци

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email