Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

ОПШТИНА НОВАЦИ ИСПЛАЌА СУБВЕНЦИИ НА МЛАДИТЕ ЛИЦА ЗА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ – Б КАТЕГОРИЈА !

ОПШТИНА НОВАЦИ ИСПЛАЌА СУБВЕНЦИИ НА МЛАДИТЕ ЛИЦА ЗА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ – Б КАТЕГОРИЈА !

Денес официјално ги потпишав решенијата за исплата на субвенциите за возачки дозволи од Б категорија за сите млади лица до 26 години кои аплицираа согласно претходно објавениот јавен повик.

Секој корисник ќе добие финансиска поддршка во износ од 10.000 денари, како дел од нашата локална политика за поддршка на младите, поттикнување на нивната мобилност и олеснување на трошоците поврзани со нивното образование, вработување и секојдневни потреби.

Со оваа мерка продолжуваме да инвестираме во младите луѓе – во нивната иднина, независност и развој.

Горди сме што Општина Новаци е општина која ги препознава и поддржува потребите на младата генерација! Ќе продолжиме да работиме и понатаму за нови можности и мерки за поддршка на младите.

Честитки до сите добитници!

#ОпштинаНоваци#ПоддршкаЗаМлади#Субвенции#ВозачкиДозволи#БКатегорија#МладиСоИднина#ЛокалнаПоддршка#РазвојНаМладите

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email