Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Завршено е асфалтирањето на улица во Долно Агларци!

Завршено е асфалтирањето на улица во Долно Агларци!

Општина Новаци заврши со градежните активности и асфалтирањето на уште една улица, и тоа со должина од 435 метри во Долно Агларци.

Овој значаен инфраструктурен проект е финансиран од Бирото за регионален развој при Министерството за животна средина преку Програмата за развој на селата.

Проектот ќе овозможи подобра безбедност за сите жители, полесна и побезбедна секојдневна комуникација, подобар квалитет на живот и подобра инфраструктурна поврзаност.

Општина Новаци продолжува со реализирање на проекти што носат вистински промени.

Заедно градиме поубави и побезбедни села во Општина Новаци!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email