Денес министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, го потпиша договорот за директен грант со ЕУ, финансиран од ИПА програмата кој има големо значење за Општина Новаци и за нашите земјоделци.
Со реализацијата на овој систем кој ќе опфати околу 400 хектари плодно земјоделско земјиште се подобруваат условите за земјоделско производство, ќе се зголеми ефикасноста во користењето на водните ресурси и ќе се обезбеди посигурно и поквалитетно наводнување на обработливите површини.
Ова е директна поддршка за локалниот развој и економијата во општината.
Благодарност до Министерството и до министерот за поддршката и посветеноста кон руралниот развој.
Ќе продолжиме навремено да ги информираме граѓаните за следните чекори од реализацијата.