Денес извршив увид во завршените работи за асфалтирање на пристапниот пат кај манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци.
Со реализацијата на овој проект добивме многу повеќе од нов асфалтен пат. Го поврзавме манастирот со постојната спортско-рекреативна патека, создавајќи една современа, функционална и безбедна целина за пешачење, рекреација и непречено движење на сите граѓани, рекреативци, верници и посетители од Новаци до манастирот Рождество на Пресвета Богородица.
Продолжуваме домаќински да инвестираме во патната инфраструктура, но и во проекти кои го подобруваат квалитетот на живот, ја разубавуваат нашата општина и создаваат нови содржини за сите генерации.
Ќе продолжиме со уште многу нови проекти, затоа што Општина Новаци заслужува континуиран развој и современа инфраструктура.