Илинденското дефиле низ улиците на Новаци уште еднаш ја покажа убавината на народните носии и богатството на фолклорот, а свечениот концерт во дворот на Општина Новаци ги обедини љубителите на традицијата во едно незаборавно културно доживување.
Особена чест ни беше што на сцената настапија:
КУД „Везилка“ – Новаци, Македонија,
„Flying Georgians“ – Тбилиси, Грузија,
„Venezuela Danza y Tambor“ – Корал Спрингс, Флорида, САД,
кои преку музиката, играта и богатата традиција испратија прекрасна порака за пријателство, почит и поврзаност меѓу народите.
Посебна благодарност упатуваме до Центар за култура – Битола и директорот Сашо Илковски за одличната соработка во организацијата на оваа незаборавна вечер. Заедно ја чуваме, негуваме и ја пренесуваме македонската традиција и културно наследство на идните генерации.