Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Почитувани ,

Ве информираме дека на 17 и 18 август 2026 година (понеделник и вторник), во периодот од 19:00 до 02:00 часот, на подрачјето на Општина Новаци ќе се спроведе третата фаза од теристичката (од земја) превентивна систематска дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци.

Дезинсекцијата ќе ги опфати зелените површини во Општината, подрачјата покрај реката Црна, каналскиот систем, локалитетите со застојни води, урбаните населби и други локалитети предвидени со планот и програмата.

Третирањето ќе се врши со препарат AQUA K-OTHRINE DELTAMETRIN, со активна супстанца делтаметрин.

Апелираме до граѓаните во наведените термини да бидат внимателни и, доколку имаат можност, да избегнуваат подолг престој на отворено во подрачјата каде што ќе се врши третирањето.

Посебно ги информираме пчеларите навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.

Во случај на неповолни временски услови (ветер или дожд), дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Центарот за јавно здравје – Битола на телефоните 047/208-100 и 047/208-120.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email