Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Со песна и игра успешно ги одбележавме „Илинденски денови“ во Новаци!

Со песна и игра успешно ги одбележавме „Илинденски денови“ во Новаци!

Илинденското дефиле низ улиците на Новаци уште еднаш ја покажа убавината на народните носии и богатството на фолклорот, а свечениот концерт во дворот на Општина Новаци ги обедини љубителите на традицијата во едно незаборавно културно доживување.

Особена чест ни беше што на сцената настапија:

🇲🇰 КУД „Везилка“ – Новаци, Македонија,

🇬🇪 „Flying Georgians“ – Тбилиси, Грузија,

🇺🇸 „Venezuela Danza y Tambor“ – Корал Спрингс, Флорида, САД,

кои преку музиката, играта и богатата традиција испратија прекрасна порака за пријателство, почит и поврзаност меѓу народите.

🤝 Посебна благодарност упатуваме до Центар за култура – Битола и директорот Сашо Илковски за одличната соработка во организацијата на оваа незаборавна вечер. Заедно ја чуваме, негуваме и ја пренесуваме македонската традиција и културно наследство на идните генерации.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email