Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Уште еден значаен проект за жителите на Општина Новаци!

Уште еден значаен проект за жителите на Општина Новаци!

Целосно е реконструиран и оспособен за користење објектот во село Бач, каде во минатото била сместена Општина Бач. Објектот со години беше руиниран и оставен на забот на времето, но денес повторно добива нов живот и ќе биде ставен во функција на мештаните.

Овој простор ќе служи за одржување на состаноци, дружби, собири и други потреби на жителите од селото.

Особено значење за животот во руралните средини имаат ваквите заеднички катчиња, каде луѓето ќе можат да се собираат, комуницираат и да го негуваат заедништвото.

Општина Новаци продолжува посветено да инвестира и да создава подобри услови за живот за сите свои жители, како во населените места, така и во руралните средини.

#ОпштинаНоваци#Бач#Реконструкција#ЗаПодобарЖивот#РуралeнРазвој

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email