Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Акција за пошумување по повод јубилејот 30 години општина Новаци

Акција за пошумување по повод јубилејот 30 години општина Новаци

Во духот на јубилејот – 30 години Општина Новаци, вложуваме во иднината!

Вчера успешно се реализираше настанот за засадување на заштитен зелен појас, како дел од активностите по повод одбележувањето на 30 години постоење на Општина Новаци

Оваа значајна активност се реализираше во соработка со Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ), во рамки на проектот „Земјоделство безбедно од пожари во општина Новаци“

На потегот кај спортско-рекреативната пешачка патека Новаци – Манастир на Пресвета Богородица беа засадени 1100 садници (јавор, питом и див костен и евла), со што директно придонесуваме кон:

✔️ зголемена заштита од пожари

✔️ зачувување на земјоделските површини

✔️ унапредување на животната средина

✔️ создавање позелена и побезбедна општина

Проектот е дел од регионалната програма за управување со пожари во Западен Балкан, поддржана од Владата на Швајцарија.

Продолжуваме со конкретни дела кои ја градат иднината на Новаци – сигурна, зелена и одржлива општина за сите!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email