Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Градинката „Бамби“ одбележа значаен јубилеј – 5 години постоење

Градинката „Бамби“ одбележа значаен јубилеј – 5 години постоење

Со голема радост и насмевки, во дворот на градинката „Бамби“ беше одбележан значаен јубилеј – 5 години од нејзиното постоење.

На настанот присуствуваа бројни родители, гости и пријатели на градинката, а свое обраќање имаше и градоначалникот, кој ја истакна важноста на вложувањето во најмладите и создавањето квалитетни услови за нивен раст и развој.

Нашите најмили – дечињата од градинката, беа во центарот на вниманието. Тие подготвија богата програма исполнета со песнички, игри и весели изведби, кои предизвикаа многу аплаузи и емоции кај присутните. Насмевките и детската радост уште еднаш потврдија дека градинката е место каде се создаваат убави спомени.

Настанот помина во прекрасна атмосфера, исполнета со дружење, смеа и позитивна енергија, достојно одбележувајќи го овој значаен јубилеј.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email