Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Доделена опрема на ЈКП Комунална хигиена Новаци

Доделена опрема на ЈКП Комунална хигиена Новаци

Денес беше одржан настан на кој беше презентирана и доделена нова опрема за управување со отпад на комуналните претпријатија од 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад, поддржан од ЕБОР и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ова е регионален чекор кон почиста животна средина во Пелагонискиот и Југозападниот регион на Македонија.

На настанот беше изложен дел од опремата – специјализирани возила, контејнери и канти – кои значително ќе го унапредат системот за собирање отпад и квалитетот на комуналните услуги.

Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски како претседател на Одборот за управување со отпад истакна:

„Ова не е само инвестиција во опрема, туку во почиста животна средина, подобар квалитет на живот и силна регионална соработка. Новаци е партнер во национална реформа која носи долгорочни резултати за сите граѓани“ – истакна градоначалникот Стевановски.

Заедно градиме поефикасен систем и почиста иднина.

♻️
♻️
♻️
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email