Денес се одржа првата конститутивна седница на новиот Совет на Општина Новаци.
За претседател на Советот беше избран Илче Трајковски.
Со овој чекор започнуваме нова страница во работењето на Советот – со заедничка цел да создадеме подобри услови за сите граѓани.
Продолжуваме со посветена работа на започнатите проекти, со нова енергија, идеи и одговорност.
Новаци заслужува развој, нова енергија и напредок.
Продолжуваме да работиме – посветено, одговорно и со визија за поубава и поуспешна Општина Новаци!