Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Стевановски избран за претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

Стевановски избран за претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

На конститутивната седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион која се одржа во Општина Битола, на која присуствуваа градоначалниците од сите девет општини во регионот и претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со едногласна поддршка за претседател на Советот беше избран градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски . Мандатот му го врачи градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој воедно и претседаваше со седницата.

Советот донесе и две значајни одлуки:

– распишување Јавен повик за избор на претставник од здруженијата,

– отпочнување постапка за избор на претставник од бизнис заедницата.

Со изборот на Стевановски, се очекува Советот да продолжи со засилен фокус на унапредување на регионалната соработка, подобрување на инфраструктурните проекти, поддршка на локалниот економски развој и искористување на потенцијалите на Пелагонија. Како претседател, Стевановски ќе се залага за транспарентна и ефикасна координација меѓу општините, поголема поврзаност со бизнис секторот и активна поддршка на проекти што носат директни придобивки за граѓаните на регионот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email