Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Соопштенија

Соопштение за одржување на 6та седница на Совет на општина Новаци

Соопштение за одржување на 6та седница на Совет на општина Новаци

6та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 27.01.2026 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и усвојување на Записникот од 5та седница на Совет на Општина Новаци;

2. Разгледување и донесување на Програма за работа на Советот на Општина Новаци за 2026 година;

3. Разгледување Заклучок за утврдување на неуредност на Предлогот  за покренувње на Граѓанска иницијатива за спроведување на референдум на локално ниво;

4. Разгледување на Правилник за критериумите и постапката за реализација на трансфери по поднесени барања за добивање на субвенција на млади лица до 26 години – жители на Општина Новаци, за обука, полагање и добивање на возачка дозвола од Б категорија;

5. Разгледување и донесување на  Програма за еднакви можности на мажите и женитe;

6. Разгледување на Барање за изведување на градежни активности во црквата св.Никола с.Брод;

7. Разгледување на Барања за еднократна парична помош;

8. Советнички прашања.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email