Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Соопштенија

Соопштение за одржување на 5та седница на Совет на општина Новаци

Соопштение за одржување на 5та седница на Совет на општина Новаци

5та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 25.12.2025 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

1.Разгледување и усвојување на Записникот од 4та седница на Совет на Општина Новаци;
2. Разгледување и донесување на Буџет на општина Новаци за 2026год.;
3. Разгледување и донесување на одлука за извршување на Буџетот на општина Новаци за 2026год.;
4. Разгледување и донесување на Буџетски календар за 2026год.;
5. Разгледување и донесување на Одлука за утврдување на вредноста на бодот на државните службеници во општина Новаци за 2026год;
6. Одлука за утврдување на вредноста на бодот на помошно техничките лица во општина Новаци за 2026год.;
7. Разгледување и донесување на Програма и акциски план за социјална заштита на граѓаните на Општина Новаци за 2026год;  
8. Разгледување и донесување на Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Новаци за 2026 год.;  
         9. Разгледување и донесување на Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2026год.;   
10. Разгледување и донесување на Прогама за образование на општина Новаци за 2026;
11. Разгледување и донесување на Програма за еднакви можности на мажите и жените на општина Новаци за 2026год.;
12.Разгледување и одобрување на акционен план и програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на општина Новаци за 2026год.
13. Разгледување и донесување одлука за одобрување финансиски средства за одбележување на новата 2026 година и празникот Богојавление Водици;
14. Разгледување и усвојување на Годишна програма за превоз на ученици и финансиска анализа на општински и меѓуопштински превоз на територијата на Општина Битола, Општина Новаци и Општина Могила – 2026 година;
15. Разгледување и донесување на одлука за усвојување Годишна програма за работа на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за 2026год.;
16. Разгледување и донесување одлука за усвојување на финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за период од 01.01.2025 до 31.09.2025год.;
17. Разгледување и донесување на одлука за давање на согласност за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци;
18.Разгледување на барања за еднократна парична помош;
19.Советнички прашања;
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email