Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Општина Новаци ќе биде дел од проектот ,,Зајакнување на општинските совети”

Општина Новаци ќе биде дел од проектот ,,Зајакнување на општинските совети”

Општина Новаци ќе биде дел од имплементацијата на еден значаен проект ,,Зајакнување на општинските совети” кој е насочен кон унапредување на работата на општинските совети, зголемување на транспарентноста и зајакнување на соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓаните.

Денес, заедно со претседателот на Советот на Општина Новаци,

Ilce Trajkovski, присуствувавме на иницијалната координативна средба со партнетските општини, со што и официјално започна нашето учество во проектот.

Уверен сум дека преку оваа соработка ќе придонесеме кон создавање поефикасна, отчетна и современа локална самоуправа – вистински сервис во интерес на граѓаните. Зајакнувањето на капацитетите на Советот и унапредувањето на процесот на донесување одлуки се клучни за понатамошниот развој на Општина Новаци.

Продолжуваме посветено и одговорно да работиме за доброто на сите граѓани и за напредокот на нашата општина.

Проектот го спроведува УНДП, МЛС, ЗЕЛС, и SDC.

#ОпштинаНоваци#ЛокалнаСамоуправа#ОпштинскиСовети#Транспарентност#Развој#Соработка

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email