Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Завршен настан од проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“

Завршен настан од проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“

Денес се одржа завршниот настан од проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“ 

На настанот присуствуваа претставници од локалната самоуправа, институции, организации, земјоделци и партнери кои активно учествуваа во реализацијата на проектот.

Во своето обраќање истакнав дека превенцијата и заштитата од пожари се од огромно значење за зачувување на земјоделските површини, животната средина и безбедноста на граѓаните.

Во рамките на проектот беа реализирани: неколку едукативни работилници за земјоделците, показни вежби за превенција и справување со пожари,  активности за подигнување на јавната свест и  акција за пошумување со околу 1100 садници од јавор, питом и див костен и евла кај спортско-рекреативната патека во Новаци.

Дополнително, најавено е продолжување на активностите со засадување дрвја на улиците кои водат кон новата Индустриска зона во Новаци.

На настанот беа презентирани и резултатите од повеќе проекти поврзани со управување со пожари, зајакнување на локалните капацитети и заштита на животната средина.

Голема благодарност до Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ), Владата на Швајцарија, партнерските организации, институциите, земјоделците и сите учесници кои дадоа придонес за успешна реализација на проектот.

Општина Новаци продолжува активно да работи на проекти за заштита на природата, безбедноста на граѓаните и развој на земјоделството. 🌿

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email