Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Соопштенија

Соопштение за одржување на 7ма седница на Совет на општина Новаци

Соопштение за одржување на 7ма седница на Совет на општина Новаци

7ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.02.2026 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 6та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување на Барање од совет на Општина Новаци за ревизија на ЗФК ,,Новаци 2005”;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за објавување на литературен и ликовен конкурс на Општина Новаци;
  4. Разгледување и донесување Одлука за давање на согласност за имплементација на одобрениот проект “Green Pre-Incubators for Just Transition”;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко – планска документација (Тони Котевски од с.Новаци)
  6. Разгледување и донесување на Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко – планска документација (Општина Новаци – с.Новаци)
  7. Разгледување на Барање за финансиска подршка од Здружение „Младинска граѓанска акција“ Новаци;
  8. Разгледување на Барање за одобрување на финансиски средства од Здружение на хуманитарни возрасни граѓани на Општина Новаци „Сложни граѓани Новаци“;
  9. Разгледување на предлог иницијатива до Општина Новаци за реализација на проект „Биди своја – мајки и деца“; од Спортско Здружение „Бори се за целта“ Битола;
  10. Разгледување на Барања за еднократна парична помош;
  11. Советнички прашања;
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email