Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Поголема безбедност и подобра патна сигнализација на регионалните патишта во Општина Новаци

Поголема безбедност и подобра патна сигнализација на регионалните патишта во Општина Новаци

Во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, извршена е целосна замена на старите, оштетени и дотраени сообраќајни знаци на регионалните патни правци низ Општина Новаци.

Оваа активност е реализирана благодарение на одличната соработка и целосната поддршка од ЈП „Македонија пат“ – Подружница Битола, на што упатуваме искрена благодарност.

Заменети се сите оштетени патокази со нови, а на локациите каде што недостасуваше сообраќајна сигнализација се поставени нови знаци, со што значително се подобрува безбедноста и ориентацијата на возачите.

Новата вертикална сигнализација е поставена на двата регионални патни правци:

📍 Новаци – Тополчани, до село Далбеговци;

📍 Новаци – Старавина.

Продолжуваме со активности кои придонесуваат за побезбедна, поуредена и подобро инфраструктурно поврзана општина, затоа што безбедноста на граѓаните останува наш врвен приоритет.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email