Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Започна изградбата на пречистителна станица за жителите на с. Добромири

Започна изградбата на пречистителна станица за жителите на с. Добромири

Со реализацијата на овој проект ќе се заокружи целокупната изградба на канализационата мрежа во селото, обезбедувајќи современо, безбедно и еколошки одржливо решение за третман на отпадните води.

Овој проект е од особено значење бидејќи придонесува за заштита на природата, зачувување на квалитетот на почвата и водите, подобрување на јавното здравје и создавање поквалитетни услови за живот на сегашните и идните генерации.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци, која продолжува со инвестиции во капитални проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните и придонесуваат за одржлив развој на сите населени места.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email