Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Николоски во посета на Општина Новаци

Николоски во посета на Општина Новаци

Денес во Општина Новаци бевме домаќини на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој изврши увид во реализацијата и планираните инфраструктурни проекти во нашата општина.

Во рамки на првиот повик за финансиска поддршка од Владата, обезбедени се 7.134.000 денари за проектот „Изградба на улица во Индустриска зона во с. Новаци – Крак 3“, со вкупна вредност од 19.504.894 денари.

Дополнително, преку вториот владин повик се обезбедени 21.500.000 денари за реализација на проектот „Изградба на водовод, атмосферска и фекална канализација на новопланирани улици во Индустриска зона Новаци“, чија вкупна вредност изнесува 32.983.627 денари со ДДВ.

Овие инвестиции претставуваат значаен чекор кон подобрување на инфраструктурните услови и создавање подобра бизнис-клима во Индустриската зона Новаци, што ќе придонесе за нови инвестиции, економски развој и отворање нови работни места.

Продолжуваме посветено да работиме за развој на Општина Новаци и подобри услови за сите наши граѓани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email