Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Општина Новаци ги информира граѓаните дека на 24.04.2026 (петок), екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ќе започнат со прва фаза од превентивна систематска дератизација, односно поставување на отровни мамци за уништување на глодари.

⚠️ Активностите на терен ќе бидат јасно обележани и обезбедени со предупредувачки знаци.

✅ Апел до граѓаните:

Со цел безбедно и успешно спроведување на дератизацијата, ве молиме:

• Да им овозможите непречен пристап на екипите до шахтите

• Да не се приближувате до обележаните места каде се врши дератизација

• ❌ Да не ги допирате, преместувате или отстранувате поставените мамци

• Да спречите контакт на домашни животни и миленици со мамците

• Да не го расфрлате отпадот надвор од контејнерите

• При појава на мртви глодари – не ги допирајте, туку пријавете во Центарот за јавно здравје – Битола

⚠️ Напомена:

Доколку не се почитуваат овие мерки, Центарот за јавно здравје – Битола се оградува од евентуални несакани последици.

🌧️ Во случај на дожд, активностите ќе бидат одложени за следниот работен ден.

📞 Контакт телефон: 047 / 208 – 100

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email