Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

Се одржа 53 традиционална акција за калемење

Се одржа 53 традиционална акција за калемење

Во рамките на нашите активности за унапредување на практичните знаења и љубовта кон природата, и оваа година ја поддржавме 53 традиционална акција за калемење и облагородување на дивата круша- Горница и дивата слива – Џанка која се одржа во Маково. Оваа активност има за цел учениците и младите техничари да се запознаат со значењето на калемењето како важна агротехничка мерка за подобрување на квалитетот, отпорноста и приносот на овошките.

Преку практична работа, учесниците ќе научат различни техники на калемење, правилен избор на подлога и калем, како и значењето на одржување и нега по извршеното калемење. Акцијата претставува одлична можност за стекнување на вештини, развивање на одговорност кон животната средина и поттикнување на иновативен пристап во земјоделството.

Со заеднички труд и ентузијазам, придонесуваме кон создавање поздрава животна средина

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email