Ул. „1“ б.б., 7211 с. Новаци • +389 (0)47 203 060
Република Северна Македонија

Општина Новаци

Новости

СПОРТСКИ ДЕН – „30 ГОДИНИ ЗАЕДНО“

СПОРТСКИ ДЕН – „30 ГОДИНИ ЗАЕДНО“

Во духот на заедништво, фер-плеј и спортска енергија, денес во Новаци успешно се одржа Спортскиот ден по повод големиот јубилеј – 30 години од основањето на Општина Новаци! 🤝⚽

Повеќенаменското игралиште во с. Новаци беше исполнето со позитивна атмосфера, натпреварувачки дух и многу насмевки. Учесниците покажаа одлична игра, тимска работа и вистинска љубов кон спортот. 👏

Овој настан уште еднаш потврди дека Новаци знае да обедини – преку спортот, дружењето и заедничките вредности кои ги негуваме веќе три децении. 💙

🥇 РЕЗУЛТАТИ:

⚽ Фудбалски турнир:

🥇 1 место – ФК Добромири

🥈 2 место – Сервис Пока

🥉 3 место – Јанг Бојс

💪 Влечење на јаже:

🥇 1 место – ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци

🥈 2 место – Тим Добромири

🥉 3 место – Сервис Пока

🏃‍♂️ Скок во далечина:

🥇 1 место – Александар Темелковски

🥈 2 место – Зоран Николовски

🥉 3 место – Даниел Китановски

🏅 Честитки до сите победници за постигнатите резултати, но и до сите учесници кои со своето учество го направија овој ден посебен!

🙏 Голема благодарност до сите кои помогнаа во организацијата и реализацијата на настанот, како и до сите посетители кои беа дел од оваа прекрасна приказна.

🎊 Да продолжиме заедно да градиме успешна, активна и обединета заедница – 30 години Општина Новаци!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email