Првиот ден од настанот „Зимска Бајка“, во организација на Младинска Граѓанска Акција во Општина Новаци, беше исполнет со музика и празнична атмосфера. Посебен момент на вечерта беше првиот солистички концерт на КУД „Везилка“, кој со својот настап ја воодушеви публиката и ја промовираше традицијата и културата. ![]()
Настанот беше збогатен и со настапите на група „Маестрал“ и група „Секвенца“, кои придонесоа за одлична забава и вистински зимски дух. Вечерта помина во знак на дружење, музика и позитивна енергија, најавувајќи успешна и магична „Зимска Бајка“. ![]()
Голема благодарност до ZK Pelagonija Bitola за реализацијата на нашата магична новогодишна Зимска бајка во Општина Новаци.
