7ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.02.2026 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 6та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување на Барање од совет на Општина Новаци за ревизија на ЗФК ,,Новаци 2005”;
- Разгледување и донесување на Одлука за објавување на литературен и ликовен конкурс на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување Одлука за давање на согласност за имплементација на одобрениот проект “Green Pre-Incubators for Just Transition”;
- Разгледување и донесување на Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко – планска документација (Тони Котевски од с.Новаци)
- Разгледување и донесување на Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко – планска документација (Општина Новаци – с.Новаци)
- Разгледување на Барање за финансиска подршка од Здружение „Младинска граѓанска акција“ Новаци;
- Разгледување на Барање за одобрување на финансиски средства од Здружение на хуманитарни возрасни граѓани на Општина Новаци „Сложни граѓани Новаци“;
- Разгледување на предлог иницијатива до Општина Новаци за реализација на проект „Биди своја – мајки и деца“; од Спортско Здружение „Бори се за целта“ Битола;
- Разгледување на Барања за еднократна парична помош;
- Советнички прашања;