3та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 28.11.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 2ра седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за формирање Комисија за елементарни непогоди;
- Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средства на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.;
- Разгледување и донесување на Одлука за определување на пазарна вредност на градежното и земјоделското земјиште на територијата на Општина Новаци по зони и катастарски општини според просечната цена на извршени купопродажби во претходната година;
- Разгледување и донесување на Правилник за условите, критериумите и постапката за доделување на еднократна парична помош на физички лица;
- Разгледување и донесување на Одлука за формирање Комисија за доделување на еднократна парична помош на физички лица;
- Разгледување и донесување на Листа на имиња за улици во населено место с.Новаци, Општина Новаци и донесување на Одлука за усвојување на листата на имиња за улици;
- Разгледување и усвојување на Извештајот за манифестацијата ,,Фестивал на жетвата” Новаци 2025;
- Разгледување и донесување на Одлука за давање на Согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на МЈП ,,Пелалинк” Битола;
- Разгледување на Изјава за оставка на член на Управен одбор на МЈП ,,Пелалинк” –Битола и донесување на Одлука за разрешување и именување на вршител на должност (ВД) член на Управен одбор на МЈП Пелалинк – Битола;
- Разгледување на Барање/Изјава за оставка на член на Надзорен одбор на МЈП ,,Пелалинк” –Битола и донесување на Одлука за разрешување и именување на вршител на должност (ВД) член на Надзорен одбор на МЈП Пелалинк – Битола;
- Советнички прашања.