Веднаш по големата победа за втор мандат на чело на Општина Новаци – без пауза, со елан, енергија и фокус кон конкретна реализација на проекти што значат подобар живот за нашите граѓани, онака како што ветував во предизборниот период, започнавме со реализиција на уште еден проект за подобрување на условите за живот во Општина Новаци!
Реконструирана е улицата во должина од 329 метри, одводниот канал и уличниот сливник. Нашите граѓани сега имаат поголема безбедност, подобрен пристап до околните објекти кои нудат услуги од економски и социјален карактер во овој дел од регионот.
Реконструкцијата е извршена во рамките на проектот ” Инвестиции во унапредување на комуналната и патната инфраструктура во Пелагонискиот регион” .
Проектот го имплементираме преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој