Општина Новаци, како партнер во проектот Women-Led Coal Transitions (WOLCOT), ги информира сите заинтересирани граѓани, граѓански организации и жени од општината за два актуелни јавни повика кои се спроведуваат во рамките на проектот.
Проектот Women-Led Coal Transitions (WOLCOT) го имплементира ЦИКП Консалтинг во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со поддршка на Климатските инвестициски фондови (CIF). Неговата цел е да го поттикне учеството на жените во процесите на праведна енергетска транзиција, да ги зајакне нивните лидерски капацитети и да придонесе кон одржлив локален развој.
Во моментов се отворени следните јавни повици:
1. Финансиска академија за граѓански организации
Повикот е наменет за граѓански организации кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини во областа на финансиското управување, финансиската одржливост и успешното управување со проекти.
🔗 Линк до јавниот повик: https://shorturl.at/QGc07
2. Школа за јавни политики „Мајка Тереза“ – Повик за жени лидери за праведна транзиција
Повикот е наменет за жени кои сакаат активно да се вклучат во процесите на донесување јавни политики и да придонесат кон праведната транзиција и одржливиот развој на своите локални заедници преку стекнување нови знаења, вештини и лидерски компетенции.
🔗 Линк до јавниот повик: https://shorturl.at/QO7tt
📅 Рокот за пријавување на двата јавни повика е 31 август 2026 година.
Општина Новаци ги охрабрува сите заинтересирани граѓански организации и жени да ја искористат оваа можност, да ги надградат своите капацитети и активно да придонесат во процесите на праведна транзиција и одржлив развој на локалната заедница.