Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 69. седница

Советот на Општина Новаци ја одржа 69-тата седница. На седницата беше донесен Оперативен (Акционен) План и Програма за спроведување на превентивна систематска дератизација на канализациониот систем, јавната депонија Мегленци, дивите депонии и ѓубришта на Општина Новаци за 2021 година.

Исто така Советот донесе Оперативен (Акционен) План и Програма за контрола и уништување на комарците на територијата на Општина Новаци за 2021 година.

На седницата беше донесена статутарна одлука за измени на Статутот на Општина Новаци.

Советниците донесоа одлука за основање на заедничко јавно претпријатие со општините Битола и Могила.

Советниците го разгледаа барањето од месната заедница од село Гнеотино за одобрување набавка на градежни материјали за манастирот Св.Стефан како и барањето на месната заедница од село Долно Агларци за одобрување на набавка на градежни материјали за изградба на капела.

На денешната седница се донесе одлука за одобрување на финансиски средства на одбор на црква Св. Атанасиј – Новаци за изградба (набавка) на комора за одржување на покојни.

На седницата беше донесена одлука за измена на годишниот план за јавни набавки во Општина Новаци за 2021 година – Март 2021 година.

Советот донесе одлука за одобрување на финансиски средства за санација на улица во село Будимирци како и одлука за давање согласност на процедура за начинот и постапката за планирање, спроведување и реализација на јавните набавки во Општина Новаци.

Советот на Општина Новаци го одобри барањето од Македонскиот полициски синдикат – Битола за набавка на градежни материјали за санација на просторија.

На седницата се разгледуваа и барања од граѓаните за доделување на еднократна социјална парична помош.

Советот донесе одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци за учество во финансирањето на Регионалниот ресурсен центар за слепи лица и лица со оштетен вид за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила – Битола.

На денешната седница беше донесена одлука за времено отстапување на објект во село Добромири, одлука за избор на претставник на установата за член во управниот одбор на ЈОУДГ „Бамби“ с.Новаци.

Советниците во советот на Општина Новаци го разгледаа барањето од ЈПКД „Комунална Хигиена“ – Новаци за одобрување на финансиски средства за набавка на два нови тримери како и барањето од советничката група на СДСМ и коалицијата за одобрување на донација на клиничкиот центар Др. Трифун Пановски – Битола.

Back to top