Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци заштеди 60% од трошоците за улично осветлување во 2020 година

Преку реализација на Проектот за модернизација на системот за јавно улично осветлување, преку финансисрање, реконструкција, управување, одржување и развој на јавното осветлување во Општина Новаци, односно со замената на постоечките натруимови и живини светилки со нови ЛЕД светилки, Општина Новаци заштеди 60% од трошоците за улично осветлување во 2020 година.

Во 2018 година тршоците за уличното осветлување со живините светилки изнесуваше 2.331.535 денари. Во 2019 година со започнување на проектот и поставување на првите арматури на ЛЕД светилки трошоците за уличното осветлување се намалија на 1.954.339 денари. Со завршување на проектот за замена на живините светилки со нови ЛЕД светилки во 2020 година трошоците се намалија на 1.132.053 денари со што направена е заштеда од 822.286 денари на годишно ниво односно 60% од вкупните трошоци.

На територијата на Општина Новаци во изминатите три години се поставени нови 1083 ЛЕД светилки и се обезбедени дополнителни 350 ЛЕД светилки. Покрај значителното намалување на вкупните трошоци за електрична енергија, со овој модерен и ефикасен систем на осветлување се постигна поголема енергетска ефикасност , поголем светлосен флукс, подобрена социјална и сообраќајна безбедност и најважно од се поврат на инвестицијата во наредните 15 години.

Back to top