Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци го одбележа светскиот ден на енергетската ефикасност

Светскиот ден на енергетската ефикасност се одбележува секој 5-ти март во годината. Овој датум е востановен во чест на првиот состанок на светските експерти од оваа област одржан во Австрија во 1998 година.

„Општина Новаци изминатиов период инвестираше во веќе постоечки и нови објекти кои ќе бидат енергетски ефикасни. Проширениот и надградениот објект од општинската зграда ќе добие енергетски ефикасна фасада од трослоен вентилационен систем која нуди огноотпорност, извонредна топлинска и звучна изолација која директно придонесува во зачувувањето на топлината а со тоа и заштеда на електрична енергија и пониски сметки за затоплување.

Нашата општина создаде синџир на снабдување со отпад до селектирани корисници кој се користи како гориво за загревање на градинката во Новаци. Синџирот за снабдување вклучува собирање на отпад, негов третман со цел да биде компатибилен за согорување во котел за биомаса. Создавањето на одржлив синџир на снабдување го трансформира агроотпадот во корисно обновливо гориво што претставува голем еколошки и економски бенефит. Во изминатиов период набавиме трактор со приколка, машина за балирање, хидраулична машина за чистење на канали и речни корита, како и котел за парно греење.

Исто така инвестиравме во инсаталција на нови ПВЦ прозорци во основното и подрачните училишта во општината, монтиравме инвертер клими во училиштата, а нашата општина е една од првите општини во државата што направи замена на живините светилки со ЛЕД светилки и заштеди 60% од трошоците за улично осветлување на годишно ниво.

Посветени сме во реализацијата на нашите цели со единствена цел да се намали вкупната потрошувачка на енергија, да се зголеми користењето на обновливите извори на енергија и да послужиме како добар пример во нашата заедница“, рече градоначалникот Љубе Кузманоски.

Back to top
Skip to content