Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци ги осуди вандалските графити испишани на МКЦ-Новаци

Во изминатите неколку месеци Младинскиот културен центар кој се наоѓа во центарот на Новаци а е во сопственост на општината, е мета на вандализам со испишување на недолични графити и натписи со што директно е направена штета на фасадата од овој објект.

Општина Новаци упати  јавна осуда до несовесните сторители  кои во текот на вчерашниот ден и претходно во неколку наврати, извршија оштетување на фасадата од објектот во сопственост на општината.

Целиот случај е пријавен кај надлежните институции со цел превземање на  итни мерки за расчистување на случајот и соодветно санкционирање на сторителите.

Претходно, општина Новаци е сведок на низа други очајни потези за уништување на општинскиот имот и објекти.

Воедно, општина Новаци апелира до  граѓаните за поголема морална свест,со цел да не се поттикнува било каков говор на омраза и уништување на објектите во општината и доколку имаат сознание за овој или било кој друг вандалски чин да пријават во СВР Битола – ПО Новаци или во општината.

Без разлика дали на некому му смета развојот на општината, треба сите да бидеме одговорни и да го зачуваваме заедничкиот имот, затоа што сето она што се гради припаѓа на секој од нас.

Со почит 

Општина Новаци

Back to top
Skip to content