Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Oтворени традиционалните 23 Пелагонски културно-научни средби

Во салата на Општина Новаци беа отворени традиционалните 23 Пелагонски културно-научни средби.

Градоначалникот на Oпштина Новаци, Стевче Стевановски како домаќин свечено го отвори овај настан и на присутните им порача дека

Општина Новаци секогаш го поддржува развојот на научната и творечка мисла, така што низ годиниве на Пелагонските средби, а и на други настани општината била домаќин на истакнати творци од цела држава и од странство што придонесува за нејзина афирмација во државата и надвор од неа.

,,Творењето не познава граници и возраст, ние се радуваме на секоја творба од секој творец, но особено сакаме да ги поттикнеме и мотивираме младите.” рече Стевановски.

Оваа година на Пелагонските културно-научни средби беше доделена наградата Повелба за животно дело на проф. д-р Осман Кадриу, наградата „Златен клас за македонскиот вознес“ на Снежана Алексиќ Станојловиќ и наградата „Панде Манојлов“ на Филип Димкоски.

Општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува и во идинина а како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и научни зборници.

Средбите за прв пат беа организирани во 2001 година и досега учество зеле голем број научни дејци. Домаќин на овие средби е Општина Новаци затоа што скоро сите научни дејци се по потекло од овај крај.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content