Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 18та седница на Совет на општина Новаци

18-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 07.11.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

Усвојување на Записникот од 17-та седница на Совет на Општина Новаци

  1.  Измени на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Новаци за 2022г.
  2. Предлог – Одлука за кофинансирање за изградба на дел од патот од с.Градешница до манастир „Св.Илија“ (Брен).
  3. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка  помеѓу Општина Новаци и Општина Битола  за вршење на определени работи од надлежност на заштита на животната средина (овластено лице за одобрување на елаборат за заштита на животната средина ) од страна на општина Битола во корист и за сметка на Општина Новаци
  4. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка  помеѓу Општина Новаци и Општина Битола  за вршење на определени работи од надлежност на инспекциски надзор (овластен инспектор  за животна средина и комунален инспектор) од страна на општина Битола во корист и за сметка на Општина Новаци
  5. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување за прослава на Новата 2023 година, Божиќните празници и празникот Богојавление (Водици)
  6. Развојни Програми за индустриската зона во с.Новаци и канализационен систем  во с.Добромири за 20232025.
  7. Барање за финансиски средства во висина од 75 000,00 ден од ЗФК „Новаци 2011“-Новаци
  8. Барање за спонзорство од Здружение на граѓани ФК „Пелистер Ветерани Профи“ .
  9. Барање од М.З. на с.Грумази за санација на локален пат.
  10. Барање за одобрување на градежен материјал (50 метри цевка Ф 150) за одвод на атмосверка вода од Благоја Јовановски од с.Новаци

Дополнување : Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош

Back to top
Skip to content