Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 41ва седница на Совет на општина Новаци

41ва седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 28.12.2023 година со почеток во 09:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 40-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и одобрување на Буџетски календар за 2024 год.;
  3. Разгледување на Предлог -Буџет на Општина Новаци за 2024 год., усвојување на Буџет на Општина Новаци за 2024 год. и донесување на Одлука;
  4. Разгледување и усвојување на Образложение на Буџетот на Општина Новаци за 2024 год.;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2024 год.;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за државните службеници за 2024 год.;
  7. Разгледување и донесување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за техничкиот персонал за 2024 год.;
  8. Разгледување и донесување на Одлука за определување на висината на благајничкиот девизен максумум (10.000 евра);
  9. Разгледување и донесување на Програма за одржување на локалните водоводи во Општина Новаци за 2024 год.;
  10. Разгледување и донесување на Програма за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини на територијата на Општина Новаци за 2024 год.;
  11. Разгледување и донесување на Одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место за изградба на објекти со намена Г2-лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, КО Новаци-вон град, Општина Новаци;
  12. Разгледување и донесување на Развоен план за комунални дејности на територијата на Општина Новаци за период од 2024 год. до 2026 год.;
  13. Разгледување и донесување на Стратегија за млади за 2024-2029 година;
  14. Разгледување и донесување на Одлука за спроведување на мерки за превентивна дезинсекција и системска дератизација за 2024 година;
  15. Разгледување и усвојување на Програма за работа на МЈП „Пелалинк“- Битола
    за 2024 год.;
  16. Разгледување и усвојување на Финансиски план за работа на ЈОУДГ „Бамби“- Новаци за период од 01.01.2024 год. до 31.12.2024 год.;
  17. Разгледување на Барање од Црквата „ Роженство на Пресвета Богородица“ –с.Бач ,за набавка и поставување на клима уред во капелата.
  18. Советнички прашања.
Back to top
Skip to content