Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 35та седница на Совет на општина Новаци

35-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 30.10.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 34-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на тромесечен извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за период од 01.01.2023 г. до 30.09.2023г. (трет квартал);
  3. Разгледување и усвојување на Ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2023 г.  и донесување на Одлука;
  4. Разгледување и донесување на Програма за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на Општина Новаци  за сезоната 2023/24 год.;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за формирање на Комисија за унапредување на правата на пациентите на Општина Новаци;
  6. Разгледување на Барање од ЈПКД „ Комунална Хигиена“ – Новаци за назначување на 2 (два) члена во Управен одбор и донесување на Одлука;
  7. Разгледување и усвојување на Одлука за измени и дополнувања на основен статут на Општинското основно училиште „Славко Лумбарковски“- Новаци;
  8. Разгледување и усвојување на Измена на Годишен план за јавни набавки на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за 2023 год.;
  9. Разгледување на Барање од ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци за санација на електрична инсталација и соодветно поврзување на клима уреди во подрачните училишта во селата: Бач, Живојно, Гермијан и Агларци;
  10.  Разгледување на Финансиски извештај за работењето на ЗУСК „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2022/23 год. и донесување на Одлука;
  11. Разгледување на Барање од ЗУСК „Славко Лумбарковски“- Новаци за финансиски средства за реализација на физичките активностите во учебната 2023/24 год ;
  12. Советнички прашања.

Дополнување: Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Back to top
Skip to content