Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за одржување на 30та седница на Совет на општина Новаци

30-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.06.2023 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 29-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување на Ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2023г.  и донесување на Одлука;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на Општина Новаци во програмата на УНДП: Општинско корисна работа 2023/24 год. за реализација на проектот „Ранливи категории 4“;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финасиски средства за организирање на „Фестивалот на жетвата“ во 2023 година;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на чисти паралелки од I до IX одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2023/24 год.;
  7. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на комбинирани паралелки одI до V одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2023/24 год.;
  8. Разгледување на Список на ученици од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци кои користат превоз во учебната 2023/24 год.;
  9. Разгледување на Барање за реализација на молеро – фарбарски работи, промена на под и промена на електрично светло во централното ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци и подрачните училишта;
  10. Разгледување и усвојување на Решенија за ликвидно работење на ЈПКД „Комунална Хигиена“ – Новаци;
  11. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за период од 01.01.2023 до 31.03.2023 год.;
  12. Разгледување и давање на согласност на Правилник за основна плата и додатоците на плата на вработените во ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци;
  13. Разгледување на Барање од ЈОУДГ „Бамби“ за финансиски средства за набавка на огревно дрво за грејна сезона 2023/24 г.;
  14. Разгледување на Барање од КБК „Самурај “- Битола за финасиски средства за организирање на спортска манифестација „Промоција на кикбокс спортот и боречките вештини “;
  15. Разгледување и донесување на Одлука за постапување по препораките на Фудбалската Федерација на Македонија за фудбалскиот стадион во с.Новаци;
  16. Разгледување и донесување на Одлука за примање на донации од правни и физички лица за организирње на манифестацијата „Фестивал на жетвата – Новаци 2023 г.“;
  17. Разгледување и донесување Одлука за примање на донација од Градежен институт  Македонија,  АД Скопје, за изработка на Основен проект за изградба на улица во состав на Индустриската зона Новаци;
  18.  Советнички прашања.

Дополнување: Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

Back to top
Skip to content