Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

После серијата земјотреси на ден 09.01.2022 година, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да поднесат барање за проценка на штета во архивата на Општина Новаци до соодветната комисија за проценка на штети.

Во прилог на барањето потребно е да се достави:

-имотен лист на име на барателот/доказ за сопственост,

-фотографии од штетата

-копија од лична карта и

-копија од трансакциска сметка.

Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Новаци, ќе излези на терен, ќе направи увид и ќе ја утврди фактичката состојба на објектите по што ќе биде соодветно постапено согласно препораките на Владата за евентуален надомест на штетите.

Барањата можат да се доставуваат од вторник 11.01.2022 до среда 27.01.2022 од 07.30 до 15.30 часот во архивата на Општина Новаци.

Back to top