Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известувања

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

После серијата земјотреси на ден 09.01.2022 година, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да поднесат барање за проценка на штета во архивата на Општина Новаци до соодветната комисија за проценка на штети.

Во прилог на барањето потребно е да се достави:

-имотен лист на име на барателот/доказ за сопственост,

-фотографии од штетата

-копија од лична карта и

-копија од трансакциска сметка.

Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Новаци, ќе излези на терен, ќе направи увид и ќе ја утврди фактичката состојба на објектите по што ќе биде соодветно постапено согласно препораките на Владата за евентуален надомест на штетите.

Барањата можат да се доставуваат од Вторник 11.01.2022 до Четврток 27.01.2022 од 07.30 до 15.30 часот во архивата на Општина Новаци.

Известување формирање на партиципативно тело во областа на урбанизмот

Почитувани, подолу го имате известувањето за продолжување на рокот за пријавување во врска со Јавниот оглас за формирање на партиципативното тело во областа на урбанизмот.

Решение за неприфаќање на пристигнати барања од здруженија и фондации

Почитувани, подолу го имате решението за неприфаќање на сите пристигнати барања – пријави по Јавен Повик за прибирање на барања за користење на средства од буџетот на општина Новаци за 2020 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации.

Апел за почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 пред големиот празник Рождество на Пресвета Богородица во Новаци

Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во с. Новаци се подготвува за одбележување на големиот христијански празник – Мала Богородица. Оваа година имајќи ја во предвид состојбата со коронавирусот, манастирската слава Рождество на Пресвета Богородица ќе се одржи според пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Грижејќи се за духовното, но и за телесното здравје на своите верници општина Новаци и манастирската управа ќе ги превземат и спроведат сите мерки согласно законските правила и услови за заштита од вирусот. Од таму упатуваат и апел до сите верници задолжително да се придружуваат на мерките и протоколите за превенција од ширење на коронавирусот. Поради пандемијата оваа година ќе изостанат досегашните официјални приеми, приредување на манастирски ручек и културно-уметничка програма.

Со носење на заштитна маска и држење на физичка дистанца верниците ќе можат да го посетат бисерот на Пелагонија, да и оддадат почит на Пресвета Богородица како и да присуствуваат на вечерната богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар на 20.09.2020 (недела ) со почеток во 19ч.

Утрената Божествена литургија ќе биде на 21.09.2020 (понеделник) со почеток во 08ч .Верата во Бога, надежта во Неговата неизмерна милост и љубовта кон нашиот ближен нека ни бидат составен дел од нашето секојдневие, при тоа не заборавајќи дека силен потпорник имаме во ликот на Мајката Божја – Богородица!

Нека ни е за многу години празникот!
Општина Новаци

Информација за електронска платформа pomagame.mk

Почитувани,

Лансирана е новата веб страница www.pomagame.mk!

На неа се поставени информации од сите општини со краток опис за услугите што ги нудат во услови на КОВИД 19, како и кратка видео обука за сите ангажирани лица.

Back to top
Skip to content