Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Jавната расправа и презентацијата на активностите во рамките на проектот,, Just transition diagnostic”

Денес присуствував на јавната расправа и презентацијата на активностите во рамките на проектот,, Just transition diagnostic”кој е финансиран од ЕУ а се одржа во Салата на Советот на Општина Битола. На истата присуствуваа моите колеги, градоначалниците од Битола и Могила, Тони Коњановски и Драганчо Саботковски, претставници од општините: Битола, Новаци, Могила и Кичево како најзасегнати подрачја од оваа транзиција и претставници од Технички факултет Битола, ЕУ делегација и Concept paper од Грција како проектни менаџери.Проектот се однесува на регионите каде се користи јаглен и каде постојат термоцентрали за производство на електрична енергија кои треба да се транзитираат во наредните години кон производство на чиста енергија која нема да го загадува воздухот, водата, животната средина и нема да го загрозува човековото здравје.На состанокот беа идентификувани нашите потреби, воведување на енергетска правда за нашите подрачја, беа идентификувани клучните работи кон кои ние како локални самоуправи треба да се насочиме во следниот период за полесно преминување и исфрлување од употреба на јагленот и користење на обновливи извори на енергија.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content