Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Кузманоски донираше крвна плазма, повикува на хуманост и солидарност

„Во Центарот за трансфузиона медицина во Битола донирав крвна плазма со цел да им помогнам на останатите луѓе кои се уште ја водат битката со болеста.

Во крвната плазма на лицето кое било излечено од вирусната инфекција COVID-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста.

Плазмата која ги содржи овие антитела кои се борат со инфекцијата се нарекува конвалесцентна плазма.Таа се користи за лекување на заболените од COVID-19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.

Упатувам апел до сите граѓани што можат да донираат конвалесцентна плазма да го сторат тоа. Да спасиме човечки живот и да ја надминеме оваа здравствена криза. Пациентите можат во секое време да го контактираат Центарот за трансфузиона медицина во Битола за донирање.“ – изјави градоначалникот Љубе Кузманоски.

Back to top
Skip to content