Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Активно се работи на локализирање и чистење на дивите депонии во Општина Новаци

ЈКП “Комунална Хигиена” од Новаци ќе започне со организирано подигнување и одлагање на неопасен комунален отпад и проширување на својата комунална дејност во нови 4 населени места (с. Живојно, с. Бач, с. Брод и с. Гнеотино) со цел да не се создаваат големи диви депонии.

„Апелираме до сите наши граѓани за поголема свест при манипулацијата со комуналниот отпад и заедно да создаваме чиста и здрава животна средина. Одговорноста е заедничка. Целта е иста.“ – вепат од ЈКП Комунална Хигиена – Новаци.

Back to top