Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

6 долгорочно невработени лица ќе бидат ангажирани во Општина Новаци преку проектот „Ранливи категории 3“

6 долгорочно невработени лица ќе бидат ангажирани за грижа на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Новаци преку проектот „Ранливи категории 3“ од Програмата Општинско корисна работа на УНДП, АВРМ и МТСП.

„ Станува збор за 9 месечен проект кој започнува од 01.09. 2022 и ќе трае до 31.03.2023 година, преку кој се ангажирани 6 долгорочно невработени лица за грижа на стари и изнемоштени лица во домашни услови. Четири лица се финансирани од УНДП додека две лица се целосно финансирани од буџетот на Општина Новаци. Ние сме исто така треба да финансираме и патен трошок во висина на автобуска карта за теренските активности околу посетата на старите лица во нивните домови.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

„Општинско корисна работа“ претставува програма која на тешко вработливите лица им нуди можност за социјално вклучување преку работни ангажмани со скратено работно време.

Општина Новаци до крајот на месец мај го имплементираше претходниот проект  од оваа програма насловен како „ Ранливи категории 2 “ со кој беа ангажирани два логопеди кои рабоа на корекција на гласовните пречки во говорот  на децата во прво и трето одделение во ООУ „ Славко Лумбарковски“ Новаци и дечињата од детската градинка „Бамби “ од Новаци.

Досега Општина Новаци успешно реализирала седум проекти во состав на  оваа програма:Проект „Неформално образование на жените албанки“ – 2013 година,Проект „Растеме и учиме заедно “ во 2014 година, Проект „Растеме  учиме заедно II “во 2015 година, Проект „Учиме заедно“ во 2017  година, Проект „Учиме заедно II“ во  2018 година и Проект „ Ранливи кагориии “ во 2019 година и проектот „ Ранливи категории 2“ во2021 година.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content