27-МA СЕДНИЦА НA СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Советот на Општина Новаци денес ја одржа 27 та седница на која по усвојувањето на записникот од претходната продолжи со денешниот дневен ред на кој се најдоа окјолу десеттина точки за разгледување.
Беа усвоени следните документи:
- Завршна сметка на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола;
- Одлука за давање на согласност за реализација на проектот – Реконструкција на улица од пошта до Златен клас во с.Новаци до крај на каналот, општина Новаци;
- Правилник за финансиска поддршка за надомест на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на пластеници за сопствени потреби;
- Одлука за формирање на Одбор за подигање на спомен одбележје-плоча во с.Брод;
Советниците го разгледаа и барањето од Благој Бежановски вработен во Општина Новациза покачување на плата по што го одбија како неосновано за кое Советот нема право да одлучува бидејќи е надвор од нивната надлежност затоа што платите на државната администрација се регулираат согласно Закон.
Советот на Општина Новаци разгледа и неколку барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош
Седницата заврши со советнички прашања.
0 Comments